За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Од самото основање во 1990година, Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса со полно работно време за студенти од сите Технички факултети. Дознајте повеќе како би изгледала вашата кариера на www.careers.mikrosam.com
Квалификации и компетенции:
- Најмалку завршена втора година
- Задолжително познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност)
- Способност за работа во тим
- Силни аналитички и организациски вештии
- Способност за прилагодување кон брза и динамича работна средина
Што нудиме?
- 2 месечна платена пракса со искусен ментор
- Континуиран процес на учење преку работа на проекти
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Можност за личен и професионален развој и зголемување на работното портфолио
- Можност за вработување на најдобрите практиканти
- Организиран превоз и храна
- Надоместок на трошоци за сместување
Праксата се обавува во нашите канцеларии во Прилеп
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на маил [email protected].
Рокот за пријавување е до 30.06.2024 година.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.