ВОДЕЧКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОР

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата ги обезбедува следните услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија.

Македонски Телеком се изгради и се позиционираше во компанија којашто ја предводи дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.

Презентација:
Светот на Телеком – Hајновите технолошки трендови по коишто работиме

Маја Милосавлевска Наумовска – Главен директор за техника и ИТ и Александар Санев – Лидер за продажба на напредни деловни решенија

Среда, 27.03.2024 

10:00 – 11:00 во амфитеатарот на ФИНКИ

Твојата кариера во Македонски Телеком
Дали си подготвен да оставиш свој белег во светски рамки, да се бориш за тоа во што веруваш и секојдневно да растеш во рамки на глобална мрежа со екперти од сите области? Тогаш стани дел од нашиот тим, кој ќе ти даде можност да го направиш токму тоа. Прочитај повеќе за нас и за тоа зошто твојот свет ќе биде многу подобар во бојата на Магента.

КАКО Е ДА СЕ РАБОТИ КАЈ НАС?

Со нас, ќе работите на проекти преку кои ќе оставите белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен.

Со преку 206,000 вработени во 34 земји, македонски Телеком, како дел од Групација Дојче Телеком е една од водечките светски телекомуникациски провајдери. Ние го создаваме дигиталниот свет од иднинта и ги збогатуваме животите на луѓето. Постојано го предизвикуваме status quo, се бориме за она во што веруваме и заедно учиме. Повеќе