КОНТАКТ

Previous slide
Next slide

Контакт е саем за вработување и пракса, организиран од Организационен одбор, составен од членови на повеќе невладини организации, со целосна поддршка од факултетите каде што дејствуваат. Опфаќајќи ги сите студенти од факултетите во Скопје, настанот има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна конекција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите од друга страна.

Претставниците од компаниите ќе имаат прилика да ги запознаат студентите со начинот на кој работи компанијата, како и за условите што треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа во истата.

Овогодинешното издание ќе се одржи во холовите на факултетите на Техничкиот кампус на УКИМ каде што секоја компанија ќе има свој штанд до кој ќе можат да пристапат студентите кои се заинтересирани за работа или практиканство.