За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Проектирање на системи за автоматско управување на CNC машини
- Програмирање во PLC, C/C++, и платформи за Real-Time
- Изработка на цртежи/електрични шеми
- Контактирање и посета со добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
- Завршен Електро факултет или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (познавање на германски ќе се смета за предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворените работни позиции се во нашите канцеларии во Прилеп и во Скопје.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за Брза апликација.
Рокот за пријавување е до 31.03.2024.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Оглас за вработување – Електроинженер – програмирање и дизајн на автоматизирани системи 03.2024