За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Развој и конструирање на специјални CNC машини за купувачи од целиот свет
- Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки
- Планирање и следење на производствените процеси
- Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели
- Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
- Завршен Машински факултет или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (познавање на германски ќе се смета за предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Отворените работни позиции се во нашите канцеларии во Прилеп и во Скопје.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за Брза апликација.
Рокот за пријавување е до 31.03.2024г.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.