За сите оние кои се во потрага за уште едно лето исполнето со предизвици и нови пријателства, Сорсикс ве повикува на летна пракса за веб програмирање!

Студенти сте од ll, lll или IV година или постдипломци од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за електротехника и информациски технологии? Искусни сте и самоуверени дека имате солидно познавање со програмските јазици: Java или Kotlin? Солидно владеете со Англиски јазик, се стремите кон работење во тим и се сметате за високо одговорни за извршување на обврските?
Тогаш Сорсикс ве предизвикува да аплицирате за летната пракса!

Како? Испратете го вашето го вашето CV на [email protected] до 25.05.2024 со наслов “Пракса за Web programming”!

Што може да очекувате? Во јуни и јули, Сорсикс ќе ја започне двомесечната летна пракса за Веб Програмирање. Ќе имате можност да стекнете компетитивни знаења за развој на веб апликации со Angular, Spring Boot и PostgreSQL. Под менторство, ќе усовршите комуникациските вештини и ќе ги зголемите своите можност за успешна кариера во програмирањето. Плус, ќе се запознаете со нови пријатели и колеги. Дојдете и приклучете се на оваа одлична прилика за летно искуство што ќе го засили вашето резиме и вашата мрежа на пријатели!