Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии – 5G, оптика, ИКТ и Cloud решенија за да обезбедиме најнапредни услуги и решенија.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Инженер за Транспорт и ИП
Во моментов бараме високо мотивиран Инженер за транспорт и ИП кој ќе се приклучи на висок ефективен тим за транспорт во кој ќе има можност да дизајнира , имплементира и одржува нови и постојни транспортни решенија во мрежата на Македонски Телеком.
Работни задачи:
- Конфигурација, одржување, димензионирање и дизајн на транспортни мрежи
- Изработка на технички решенија за развој и на Транспортната мрежата
- Изработка на технички барања за набавка на опрема и учество во работата на комисиите за техничка евалуација за сегментот на транспортните мрежа
- Следење состојбата со искористеност на мрежните ресурси, подготовка на соодветни извештаи и предлози за реконфигурација и/или демонтажа на мрежни елементи и ја следење нивната реализација
- Учество во работата на проектните тимови на ниво на DT и управување со процесот на имплементација на проектите во рамки на компанијата
- Благовремено ажурирање на податоците за измени во транспортните мрежи, како и ажурирање на податоците за нивна искористеност
- Учество во активностите при интервенции за отстранување на пречки, ургентни и превентивни активности во транспортната мрежата
- Активирање и деактивирање на сервиси и реализација на работни налози
- Одржување на перформансите на мрежни услуги на оптимално ниво
Потребни квалификации:
- Диплома од Технички факултет-Електротехника, Телекомуникации или други технички факултети
- Минимум 5 години релевантно работно искуство
- Експертско знаење од транспортни технологии (SDH, DWDM, OTN) како и основи на оптички мрежи
- Стручно знаење од IP технологии, IP мрежи, MPLS како и технологии и сервиси поврзани со IP мрежите
- Практично знаење на Linux и Windows серверски платформи и DNS / DHCP / NTP сервиси, како и познавање на бази на податоци SQL и PL/SQL & T-SQL
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Амбициозност и желба за постојано учење
- Подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Инженер за Транспорт и ИП.
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 04.04.2024 до 12.04.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.