Нашите соработници IT Labs имаат отворен повик за пракса којшто може да го погледнете во продолжение.

Ги повикуваме сите кои се заинтересирани да работат на својот професионален и личен развој да се пријават на нашиот отворен повик за зимска пракса. Ние во IT Labs ви нудиме можност да учите од професионалци во областа, да работите на возбудливи проекти, како и да се вклучите во едукативните и забавните активности што ги одржуваме.

Програмата за пракса ќе започне од втората половина на Јануари 2023 и ќе трае 3 месеци, по што ќе имате можност да станете дел од нашиот тим. Целосниот повик можете да го погледнете овде.

За време на праксата ќе се обработуваат две различни области и тоа:

Повикот ќе биде отворен до 16.12.2022.

За подобро да се запознаете со IT Labs ќе имаме отворен ден на 5ти декември каде што ќе можете да видите како работиме, како изгледа животот во IT Labs, и зошто токму ова е вистинското место да ја започнете вашата кариера. Останете во тек за повеќе информации околу отворениот ден.