Повеќе од 70 години Ван Хоол ужива висока репутација за дизајнирање и производство на висококвалитетни и современи возила.

Ван Хоол произведува во просек  1.400 автобуси и приколки и околу 4.000 останати комерцијални возила годишно од кои 80% се извезуваат во целиот свет. Со работна сила преку 4.000 вработени во Белгија и Македонија, Ван Хоол е еден од најголемите производители на автобуси во Европа кој нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар.

Целта на Ван Хоол Македонија е производство на возила за транспорт на лица, како што целта е и задоволството на вработените од Организацијата. За понатамошно зајакнување на нашата компанија, заедно со 4.000 колеги, постојано бараме мотивирани тимски играчи да се придружат на нашиот тим.

Компаниска презентација:
вторник, 12 ти април
15:00-16:00

Едукативно предавање:
четврток, 14 ти април
10:00-11:00

Термини за прашања:
ќе бидат дополнително објавени