Станете дел од нашиот тим!

Стопанска банка АД – Скопје е лидер во банкарскиот сектор и Банка со најдолга традиција на пазарот. Банката брои речиси 1000 вработени и во своите деловни планови се потпира целосно на експертизата, посветеноста и амбициите на своите вработени.

Ако сакате да сте дел од динамичен тим кој располага со современи алатки и решенија за подобро разбирање на пазарот и управување со големото семејство на клиенти повелете обратете се кај нашите колеги од Секторот за кадри и дознаје повеќе за условите за пракса и работа во Стопанска банка АД – Скопје.

Банката покрај тоа што редовно нуди платена пракса за студенти на додипломски или постдипломски студии активно регрутира кандидати за редовно вработување, со различни академски профили.

Да продолжиме да ја градиме приказната за еден од најголемите брендови на македонскиот пазар заедно. Станете дел од #СТБтим.

Компаниска презентација:
среда, 20 ти април
10:00-11:00

Едукативно предавање:
четврток, 21 ви април
12:00-13:00

Термини за прашања:
ќе бидат дополнително објавени