Компанијата за обука, тренинг и консалтинг Талент Бизнис Инкубатор „Step-up“ се состои од искусни професионалци од областа на управување со развој на луѓе, млади таленти и управување со човечки ресурси.
Нашето портфолио опфаќа услуги за развој на таленти и високи потенцијали, кои градат човечки капитал и ја олеснуваат можноста за вработување.
Ја подобруваме продуктивноста на вработените и придонесуваме за подобрување на квалитетот на животот и реализација на лични афинитети и аспирации.
Нашата мисија е да ги поддржиме македонските компании во градењето и развивањето на сопствените капацитети и стекнување на конкурентска предност на пазарите во и надвор од нашата земја преку континуирано инвестирање во развојот на талентите.
Step-up организира обуки за развој на деловни и меки вештини во согласност со потребите на современото работно место, како и менторство и советување за кариера за студенти од програмата за стипендии и за други заинтересирани студенти и вработени надвор од програмата со полно работно време.
Компаниска презентација:
вторник, 19 ти април
15:15-16:00
Едукативно предавање:
понеделник, 11 ти април
14:00-16:00
Термин за прашања:
ќе биде дополнително објавен