Ние сме водечки технолошка компанија на пазарот за генерално осигурување во Велика Британија. Како софтверски партнер, имаме силна репутација за доверливи и робусни платформи. Нашиот софтвер е широко користен повеќе од 40 години од бројни брокери, осигурителни компании, MGA и underwriting агенции низ Велика Британија.

Нашето седиште е во Вустер и ние сме дел од Open International Group. Денес, Групацијата вработува над 500 луѓе со дополнителни канцеларии лоцирани низ Велика Британија и Европа во Даблин, Лондон, Винчестер, Милтон Кејнс, Скопје и Краков.

Нашата македонска канцеларија е еден од најбрзо растечките развојни тимови во Open GI. Постоиме веќе 6 години, броиме повеќе од 60 вработени, и работиме од било која локација на територијата на Македонија.

      • Ние веруваме дека нашите луѓе се нашето најголемо богатство.

      • Ние веруваме и поттикнуваме здрава рамнотежа помеѓу работата и животот.

      • Ние веруваме дека успехот зависи од уникатните искуства, потеклото и талентите на секого.

      • Ја поттикнуваме различноста, креативноста и критичкото размислување.

Микро-менаџментот не е наш стил на игра. Ние веруваме, почитуваме, слушаме, сочувствуваме и ги препознаваме потребите на нашите вработени, обезбедувајќи флексибилни часови и работа на далечина, пријателска и опуштена работна средина и различни тимски настани.

Секој има еднаква можност да ги развие своите кариерни и лични вредности преку пристапот до нашата растечка библиотека на обуки и книги за професионален и личен развој  како и пристапот до извонредни луѓе и искуства. Секој колега придонесува нашите клиенти да ги постигнат своите најамбициозни деловни планови и да ги решат нивните најголеми предизвици.

Компаниска презентација:
вторник, 12 ти април
14:00-15:00

Едукативно предавање: Меки вештини за успешна кариера во ИТ индустријата
среда, 13 ти април
16:00-17:00

Термини за прашања:
понеделник, 18 ти април
12:00 – 14:00
среда, 20ти април
13:00 – 15:00 часот.