Брендот MarketingPlatform е основан во 2011 како дел од македонско-данска компанија. Повеќе од 10 години градиме квалитетно и напредно решение за емајл и СМС маркетинг и маркетинг автоматизација, основана на интегрирана маркетинг платформа за податоци на клиенти (CDP) која им дава на корисниците унифициран приказ.

Софтверот е навистина лесен за користење, но може да направи исто толку колку и другите поскапи решенија што може да ги најдете на пазарот.

Преплатете се бесплатно на нашиот едукативен блог, ако сакате да научите повеќе за областа во која ние сме експерти.

Во моментот нашата канцеларија во Карпош, Куманово брои повеќе од 40 вработени каде што поголемиот број се програмери и тоа Developers, Quality Assurance Testers, UX Designers и Support. Од друга страна, броејќи ги и нашите интернационални колеги низ Европа би стигнале од бројка од 750.

Во 2021 MarketingPlatform стана дел од LINK Mobility Group, што резултираше во создавање на уште поголема повеќе-канална маркетинг платформа. Така што нашата цел е да бидеме дел од 5те најдобри компании во свет на CPaaS (Communication Platform as a Service).

Вработување

Ние веруваме дека луѓето се срцето на нашиот софтвер и дека заедно, со исклучителната услуга и постојани иновации основаме темел за создавање на долгорочна и заемно корисна соработка со нашите клиенти и партнери.

Нашиот тим расте и сега сме во потрага на млади високообразовани таленти кои имаат искрена страст кон ИТ индустријата и кои ја вреднуваат изградбата на карактерот пред стручните вештини. Од кандидатите бараме познавање на англискиот јазик и меки вештини како тимска работа и комуникација. Не мора да имате работно искуство ниту да ги имате комплетирано студиите за да почнете да работите со нас. Како што нагласивме ние повеќе го цениме карактерот и работната етика. Ако се пронаоѓате во нашата приказна пратете ни емајл на [email protected] со вашето резиме за да аплицирате за пракса или проверете ги моменталните отворени позиции за вработување тука.

Зошто да работите со нас:

  • Локалниот тим функционира во уникатна култура базирана на чесност, почит, пријателство, поддршка и заедништво.
  • Како дел од голем интернационален тим вреднуваме единство, посветеност и ентузијазам.
  • Секој нов вработен или практикант има ментор кој го води низ работата.
  • Имате можност за учите од врвни македонски и европски експерти.
  • Работно време е од 8 до 16 часот секој работен ден, но со можност за фер флексибилност.
  • Модерни канцеларии опремени да креираат пријатна атмосфера за работење.
  • Сите вработени имаат обезбеден дневен оброк.
  • Можност за спорт (фудбал, кошарка) со тимот на неделно ниво.

Што велат нашите вработени за искуството во MarketingPlatform:

Viktor

„Почнав како главен инженер за интеграција пред околу 8 години. Тука се најдов себеси во компанија која расте, каде го работам она што го сакам и со можност да напредувам на личен и професионален план. Сега, како раководител на инженерски тим, целосно уживам да го надгледувам развојот на нашата платформа на секојдневна основа.“

Виктор Пешевски
Team Lead

stefan

„Јас сум со MarketingPlatform повеќе од 9 години и не можам да замислам подобра компанија за работа. Културата овде прави пријатно да сакаш да доаѓаш на работа секој ден. Сите се спремни да подадат рака за помош и не оставајќи непревртен камен. Како менаџер за поддршка, се гордеам со тоа што можам да гарантирам дека нивото на ентузијазам што мојот тим за поддршка го доставува до нашите клиенти, ги прави извонредно задоволни.“

Стефан Пешиќ
Team Lead of Group Product Experts Hub

Heidi

„Во MarketingPlatform работиме во тимови. Сите имаме свои индивидуални силни страни и меѓусебно се надополнуваме. Вработуваме луѓе. Поединци. Луѓе со горечки ентузијазам да прават брилијантни работи – додека се забавуваат во исто време. Важно е да уживаме во доаѓањето на работа и да уживаме во времето поминато со колегите. Инвестираме во почетна обука на новите вработени за да обезбедиме добар почеток и долга врска со компанијата. Ние ги цениме нашите колеги, а личниот раст е исто толку важен како и професионалниот раст.“

Хајди Маркусен (Heidi Marcussen)
Senior Service Manager