Брендот MarketingPlatform е основан во 2011 како дел од македонско-данска компанија. Повеќе од 10 години градиме квалитетно и напредно решение за емајл и СМС маркетинг и маркетинг автоматизација, основана на интегрирана маркетинг платформа за податоци на клиенти (CDP) која им дава на клиентите унифициран приказ. 

Софтверот е навистина лесен за користење, но може да направи исто толку колку и другите поскапи решенија што може да ги најдете на пазарот.

Претплатете се бесплатно на нашиот едукативен блог тука, ако саката да научите повеќе за областа во која ние сме експерти.

Во моментот нашата канцеларија во Карпош, Куманово брои повеќе од 40 вработени каде што поголемиот број се програмери и тоа Developers, Quality Assurance Testers, UX Designers и Support. Од друга страна, броејќи ги и нашите интернационални колеги низ Европа би стигнале од бројка од 750. 

Во 2021 MarketingPlatform стана дел од LINK Mobility Groupшто резултираше во создавање на уште поголема повеќеканална маркетинг платформа. Така што нашата целта е да бидеме дел од 5те најдобри компании во свет на CPaaS (Communication Platform as a Service). 

Ние веруваме дека луѓето се срцето на нашиот софтвер и дека заедно, со исклучителната услуга и постојани иновации основаме темел за создавање на долгорочна и заемно корисна соработка со нашите клиенти и партнери.

Нашиот тим расте и сега сме во потрага на млади високообразовани таленти кои имаат искрена страст кон ИТ индустријата и кои ја вреднуваат изградбата на карактерот пред стручните вештини. Од кандидатите бараме познавање на англискиот јазик и меки вештини како тимска работа и комуникација. Не мора да имате работно искуство  ниту да ги имате комплетирано студиите за да почнете да работите со нас. Како што нагласивме ние повеќе го цениме карактерот и работната етика. Работно време е од 8 до 16 часот секој работен ден во неделата. Ако се пронаоѓате во нашата приказна пратете ни мејл на [email protected] со вашето резиме за да аплицирате за работа или пракса.

Зошто да работите со нас:

  • Локалниот тим функционира во уникатна култура базирана на чесност, почит, пријателство, поддршка и заедништво.
  • Како дел од голем интернационален тим вреднуваме единство, посветеност и ентузијазам.
  • Секој нов вработен или практикант има ментор кој го води низ работата.
  • Имате можност за учите од врвни македонски и европски експерти.
  • Можност за фер флексибилност.
  • Модерни канцеларии опремени да креираат пријатна атмосфера за работење.
  • Сите вработени имаат обезбеден дневен оброк.
  • Можност за спорт (фудбал и кошарка) со тимот на неделно ниво.

Компаниска презентација:
среда, 13 ти април
11:20-12:05

Термин за прашања:
ќе биде дополнително објавен