ITgma – Следxниот чекор во твојата кариера
Основана во 2009 година, водена од визијата да стане неопходен инструмент кој поддржува иновации и развој во софтверската и ИТ инфраструктура, ITgma успешно работи низ целиот свет со широк спектар на клиенти.
ITgma им помага на компаниите да ги проверат своите стратегии за софтверски апликации и да постигнат повеќе со помалку. Нашата посветеност кон клиентите како и задоволувањето на нивните потреби, директно не обврзува да ги користиме најновите технолошки иновации. Тоа е причината поради која соработуваме со лидерите во ИТ индустријата и постојано работиме на развој и ширење на нашата партнерска мрежа.
Како доверлив и стратешки партнер ја следиме нашата мисија за намалување на оперативните трошоци и оптимизирање на деловните процеси на нашите клиенти.
Во изминативе години успеавме да изградиме долгорочни и успешни односи со техничките факултети и универзитети ширум светот кои работат на проекти за истражување и развој, градење таленти и имплементација на најнови технологии, а се со цел помагање во создавањето на врвни компетенции во индустријата
Компаниска презентација:
петок, 15 ти април
11:00-12:00
Едукативно предавање:
четврток, 14 ти април
11:00-12:00
Термини за прашања:
14.04 четврток, 12:00-13:00
15.04 петок, 12:00-13:00