ИБОРН.НЕТ е компанија која е основана пред 11 години, а оттогаш, заеднички сме на мисија да го подобруваме дигиталниот свет развивајќи скалабилни и напредни софтверски решенија кои ќе го поедноставуваат животот на корисниците. За таа цел, успешно испорачуваме консултантски и софтверски услуги за компании од различни индустрии, со различни, комплексни барања, кои се дел од технолошко зрели пазари во Данска, Исланд, Холандија, Германија, Шведска и Америка. 

Секогаш целиме кон долгорочно партнерство со нашите клиенти и внимателно ги одбираме. Трајбовите директно учествуваат во комуникацијата, анализирајќи ги резултатите и стремејќи се кон квалитет и прогрес со секоја следна одлука. Оттука, секогаш се стремиме кон избор на проекти кои се соодветни на нашите вредности како компанија и нивната значајност ги мотивира инженерите да го изнајдат најдоброто решение.

Покрај систематскиот пристап на решавање проблеми кој нѐ обединува, сакаме да твориме и работиме заедно со искрени, креативни и љубопитни луѓе. Со овие карактеристики, сите Ајборнци заеднички придонесуваат кон развој на висококвалитетни софтверски продукти, што нѐ прави исклучителни колеги со заеднички амбициозни цели. Начинот на кој работиме им помага на трајбовите да учат, да покажуваат одлични резултати и постојано да напредуваат во својата кариера.

Имаме уште многу да ти раскажеме, па затоа те очекуваме на нашата презентација!

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за искуството на практикантите во ИБОРН, тука можеш да ги прочиташ нивните дневници.