IBORN's logo

ИБОРН.НЕТ е основана во 2012 со јасна цел – да создадеме тим од луѓе кои сакаат да учат и ескпериментираат, кој ќе развива софтвер што решава реални проблеми. Денес, соработуваме со компании од Данска, Исланд, Германија, Холандија, Америка и Шведска. 

Нашите инженери се во првите редови, разговараат директно со клиентите, носат одлуки и гледаат како нивната работа создава вредност. Внимателно ги избираме и проектите и тимот, бидејќи веруваме дека најдобрите решенија се создаваат кога луѓето работат на нешто што навистина ги инспирира. Работиме со паметни, креативни и искрени луѓе, кои не се плашат од нови технологии, размислуваат инженерски и имаат страст за тоа што го прават. 

Ако сакаш да видиш како изгледа работата кај нас, што значи да бидеш дел од тим што создава, и како можеш да бидеш дел од ИБОРН – дојди на нашиот штанд. Ќе се запознаеме и ќе ти раскажеме како можеш да  станеш дел од нашиот тим и да ја градиш својата кариера заедно со нас. 

За практикантската програма

Зад ИБОРН стои тим на менаџери и инженери со долгогодишна експертиза во развој на софтверски решенија. Со нашата практикантска програма целиме кон нови можности за сите идни инженери кои ја делат љубопитноста и желбата да го применат академското знаење во пракса – развивајќи системи кои го поедноставуваат животот на илјадници корисници ширум светот.

Уникатна кариерна патека според твоите интереси

Постојан развој на твоите вештини

Работа на реални проекти

На првиот ден ќе ти ја претставиме твојата практикантска програма, со сите насоки што ќе ти бидат потребни за предизвикот кој те чека!

Сите имаме различни амбиции и интереси, а ние сакаме да ги чуеме твоите, за да можеме да ти помогнеме да станеш врвен инженер!

Ќе ги следиме твоите потреби и ќе бидеме тука за да го препознаеме твојот труд, нудејќи поддршка во тим кој постојано учи и напредува.

Сите идни инженери кои се дел од ИБОРН имаат прецизна кариерна патека, која е внимателно избрана и изработен според автентичните интереси и потребите на компанијата.

Заедничките полиња ќе ни помогнат да успееме во нашите мисии, а ние ќе ти пружиме поддршка со насоки и ресурси што ќе ти помогнат да стигнеш до целта.

Во текот на праксата, ќе му веруваме на твојот пристап и ќе те воведеме во позадината на проектот од кој ќе бидеш дел.

Ќе работиш напорно и ќе се соочиш со многу предизвици, но ќе имаш шанса да учиш од колегите кои ќе ти ја понудат потребната помош.

Овој процес ќе ти помогне да го развиеш твојот потенцијал, следејќи ја својата љубопитност во решенијата што ги развиваш.

Сакаш прв да дознаеш за нашите отворени пракси и позиции?

Пријави се и започни ја твојата инженерска кариера во ИБОРН.