ИБОРН.НЕТ ја основавме во 2012 година со цел да градиме и развиваме скалабилни и напредни софтверски решенија што решаваат бизнис проблеми. Во текот на нашето работење успешно испорачуваме консултантски и софтверски услуги за компании од различни индустрии со комплексни проекти барања и од технолошко зрели европски пазари како Данска, Исланд, Германија, Холандија, и Шведска.

Нашиот бизнис моделот се заснова на долгорочно партнерство со клиентите каде што нашите вработени имаат директна комуникација со нив, учествуваат во донесувањето на одлуки, и имаат пристап до резултатите. Нашите клиенти се внимателно одбрани исто како и нашите вработени, затоа што целта е да обезбедиме проекти што се значајни и ги мотивираат луѓето што работат на нив.

Сакаме да работиме и твориме со паметни, креативни и искрени луѓе. Покрај инженерскиот начин на размислување, имаме систематски пристап кон решавање на проблемите и силен афинитет кон висококвалитетни и скалабилни софтверски продукти, што не прави нас ајборнците исклучителни колеги со заеднички амбициозни цели. Структурата на ваквите тимови, обезбедува, луѓето најмногу да учат, да покажуваат одлични резултати, и да напредуваат, а патем и многу да се забавуваат.

Имаме уште многу да зборуваме за нас, па затоа дојдете на нашта компаниска презентација да се запознаеме подобро.

Компаниска презентација:
петок, 15.04.2022 
10:00-11:00

Едукативно предавање:
четврток, 21.04.2022 
 11:00-12:00

Термини за прашања:
18.04.2022 13:00-15:00
20.04.2022 13:00-15:00