DRӒXLMAIER

Во 2012 година, германскиот добавувач за автомобили DRÄXLMAIER се прошири во Македонија каде се основани две локации, Кавадарци и Куманово.

Како специјалист за иновативни кабелски сетови, батериски системи, современи електрични и електронски компоненти и ексклузивни ентериери, DRÄXLMAIER поддржува врвни автомобилски производители низ целиот процес на производство – од првата идеја па сè до испорака во серија.

DRÄXLMAIER Group e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 65 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 75.000 вработени ширум светот.

DRӒXLMAIER е сигурен и посветен партнер на регионот кадешто делува, така што продолжува да ги негува вредностите и целите за одржлив развој на општеството во сите области.

Компаниска презентација:
петок, 15 ти април
14:30-15:15

Термин за прашања:
ќе биде дополнително објавен