Кодит Солушн е златен партнер на Magnolia Int и Bronze Adobe Experience Manager партнер и како компанија е фокусирана да достави услуги базирани на овие технологии.
Кодит Солушн е софтверска компанија, основана 2012 година, со визија да достави модерни софтверски решенија работени со најновите агилни технологии и воедно да креира најдобри услови за остварување на личните потенцијали и кариерните цели на своите вработени.
Кодит Солушн има јасно дефиниран кариерен пат за своите вработените и најголемиот успех го мери во тоа што 12 години е поддршка во реализација на целите на сите талентирани и посветени млади во ИТ индустријата.
Затоа 85% од вработените во компанијата започнале како практиканти, а денес се експерти кои водат тимови и се главната причината позади успехот на Кодит како компанија.
Компанијата работи со последните технологии како Angular, Node.js, Read.js, Vue.js, Spring Boot, Next, Nuxt и се користи Agile методологијата во развојот на софтверските решенија кои ги креира.
Од 2023та година во Кодит Солушн е отворен оддел за Истражување и развој каде се развиваат иновативни продукти кои го таргетираат глобалниот пазар, со што го надополнуваат полето на делување во областа во која делуваат.
Во Кодит веруваат дека се е можно во сферата на ИТ Технологиите и сервисите и веќе 12 години го докажуваат тоа со секој нов проект.
Затоа што Кодит за мене е компанија каде што може многу да се научи и да се напредува во кариерата. Технологиите
што се користат се едни од најкористените во светот и целиот тим на Кодит е професионален и пријатен.
Борче Настески
Кога почнувате да ја градите вашата кариера во ИТ светот, многу поголем бенефит имате доколку одберете да
работите во помала компанија. Јас сакав да се вработам во компанија која ќе вложува во мојот раст и развој и да
имам предизвикувачко работно место. Воедно сакав да можам секојдневно да ги поместувам сопствените граници
работејќи со нови, водечки технологии за развој на софтвер. Одбирањето да работам во Codeit Solution е една од
најдобрите одлуки донесени во мојот живот. Секојдневно работам со вистински професионалци, на проекти со најнови
технологии.
Сандра Стојановска
Ја избрав Кодит бидејќи се грижи за развојот на своите вработени, нуди флексибилност во однос на работно време и
место, но најмногу бидејќи е едно големо семејство кое секојдневно расте, се гради, се надополнува, постигнува
успеси и функционира во една пријатна работна средина.
Мимоза Мицкоска