BtoBet е македонска компанија која е една од трите најдобри провајдери на софтверски решенија за спортско обложување во светски рамки. Седиштето на BtoBet се наоѓа во Скопје, а компанијата има свои канцеларии во Охрид и Битола, како и претставништва во Италија и Гибралтар.

Како глобално распространета, мултионационална компанија со над 140 вработени, BtoBet континуирано ги поддржува најмоќните светски центри за спортско обложување. Од 2020 година, компанијата е дел од реномираната групација и водечки B2B провајдер на iGaming решенија, Aspire Global.

Компаниска презентација:
среда, 20 ти април
14:00-14:45

Термини за прашања:
20.04 среда, 14:45-15:15
21.04 четврток, 14:00-14:30