Avenga Academy (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е дел од глобалната групација Avenga и еден од пионерите во модерното неформално образование во регионот.

Портфолиото на Академијата опфаќа академии и обуки во областите IT, Бизнис и Дизајн, со фокус на практична работа, реални проекти и директна поврзаност со индустријата.

Avenga Academy е единствен едукативен центар во регионот што овозможува интернационална пракса во глобални компании, обезбедувајќи им на студентите реално меѓународно искуство и силна конкурентска предност на пазарот на труд.

💡 На саемот ќе имате можност да:

• дознаете повеќе за академиите, обуките и кариерните можности што ги нуди Avenga Academy
• откриете како можете да започнете интернационална кариера и да стекнете искуство со глобални компании
• научите како преку практично образование да ги унапредите вашите ИТ вештини и кариерен развој

👩‍💻 Доколку сте студент, млад професионалец или ентузијаст кој сака да направи чекор кон кариера во технологија, посетете го штандот на Avenga Academy и дознајте повеќе за можностите што ги нудиме.

📍 Се гледаме на Саемот за вработување и пракса „Контакт“!