Landing page_Saem za vrabotuvanje-02

А1 Македонија е членка на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитет на услуга за своите корисници.

Повеќе од 1000 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. А1 ја сочинуваат амбициозни, високообразовани и професионални кадри. Вработените, се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите, од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите корисници.